Полициските службеници попладнево во населбата Бутел 1 го лишиле од слобода лицето С.Ч. (29), пријавено од екс пратеничката на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Весна Дамчевска Илиевска, дека синоќа и упатил вербални и пишани закани и навреди.
Приведениот и е добро познат на полицијата. Станува збор за лице кое отслужувало затворски казни и е сторител на повеќе кривични дела.
Весна Дамчевска Илиевска екс пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ за овој настан, ја извести попладнево јавноста преку социјалните мрежи. Се претпоставува дека овие закани имаат нарачател кој не е задоволен од минатонеделното барање на Весна која со дел од членството на партијата бара да се свикува вонреден конгрес на партијата и одговорност од лидерот Христијан Мицкоски, кој пред изборите соопшти дека ќе си даде оставка ако не победи или не формира влада.