Четири позитивни случаи на Ковид-19 во Челзи

Челзи потврди дека има четири позитивни случаи на ковид-19 во своите редови, по направените тестирања во пресрет на стартот од подготовките за новата сезона.

На петнаесетина дена пред стартот на шампионатот во Премиер лигата, Сините имаат четворица заразени фудбалери чии имиња се веќе познати за англиските медиуми, но засега нема да се обелоденат.

Во меѓувреме, 14 случаи беа регистрирани во 12 различни премиерлигашки екипи, меѓу кои се Шефилд јунајтед и Вест хем.

Треба да знаете
Последни објави