Шефот на кабинетот на Орбан во карантин

Ѓерѓ Гулијаш, шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, ќе биде во карантин се додека не добие негативен резултат на тестот за коронавирус.

Гулијаш присуствуваше на приватен настан каде што еден од учесниците е тестиран позитивно на Ковид-19, а неговиот прв тест беше негативен, пренесува „Ројтерс“.

Унгарија регистрираше 91 нов случај на коронавирус, што е највисоко ниво од април.

Треба да знаете
Последни објави