Штрајкот на кошаркарите во НБА-лигата е прекината разигрувањето ќе продолжи

Кошаркарите од НБА лигата одлучија да го прекинат штрајкот и да го доиграат плејофот. Синоќа немаше мечеви поради штрајкот во знак на протест против полициското насилство по убиството на Џејкоб Блејк, и систематскиот расизам во САД.

Дефинитивно не е одлучено кога ќе продолжи разигрувањето за титулата, најверојатно од утре, а не се знае и дали наредни ќе се играат мечевите кои не се одиграа или оние кои беа претходно закажани за петок.

Леброн Џејмс и Каваи Ленард беа меѓу ѕвездите кои сметаа дека сезоната не треба да се доигра, но еден ден подоцна и тие го сменија својот став, па му се приклучија на мнозинството колеги. Некои кошаркари се налутија кога Милвоки бакс синоќа реши да не игра против Мајами хит.

Треба да знаете
Последни објави