Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, на гостувањето во дневник на ТВ Сител, изјави дека неговата партија која е во опозиција нема да предложи кандидат од своите редови за потпретседател на Собранието, посочувајќи дека тоа е непотребен трошок кој што ќе го плаќаат граѓаните. Собранието треба да избере пет потпретседатели, а откако се наметна оваа тема меѓу политичките опоненти, како и во јавноста, дали му се потребни толку функционери на законодавниот дом, лидерот на владеачката СДСМ и мандатар Зоран Заев и фрли ракавица на опозицијата како да се намали бројот. ВМРО ДПМНЕ да се откаже од потпретседателското место, па истото ќе го напорави и владеачката СДСМ и ќе се намали бројот на потпретседателите на тројца.
На прашањето, дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на седницата во која ќе се дискутира за новиот состав на владата, Јанушев изјави дека ќе се спротивстават на лошите политики кои ги спроведува СДСМ и Заев, додавајќи дека кадрите кои што се понудени се стари и истрошени кадри односно како што рече тој сите се истите од претходно, оние кои дел од она криминално рекетарска банда која што буквално ја уништи државата.
-Ќе се спротивставиме на се ова што се обидува СДСМ да го направи повторно во државата. Го слушнавме Заев како кажува дека ова се убедливо најдобрите кадри со кои што располагаат, претпоставувам мислеше на тоа најдобрите кадри со кои што раководството на СДСМ сега располага, бидејќи речиси сите се истите од претходно, оние кои дел од она криминално рекетарска банда која што буквално ја уништи државата, и сега сакаат со буквално истите кадри да продолжат понатаму- додаде Јанушев.