– Донација во храна од Република Бугарија за децата со аутизам од Здружението на граѓани за третман на лицата со аутизам „Во Мојот света” денеска на семејствата на децата ја предаде бугарскиот амбасадор во Северна Македонија Ангел Ангелов.
Хуманитарната помош која се состои од подолготрајна храна е иницијатива на министерката за надворешни работи на Република Бугарија Екатерина Захариева.
-Донираме пакети со трајна храна за 30 семјества во социјален ризик, а кои имаат дете со аутизам. Тоа е програма од бугарската Влада на иницијатива на вицепремиерката и министерката за надворежни работи Екатерина Захариева, со цел во време на пандемијата од вирусот Ковид-19 да се донира храна за социјално загроцените семјества во Република Северна Македонија, истакна Ангелов.
Амбасадорот појасни дека оваа донација е дел од нивната поголема програма за помош на децата со специјални потреби како и да помогнат на оние кои се најзагрозени за време на коронавирусот за, како што рече, да се почуствуваат посигурни.
Претставникот на здружението „Во мојот свет” Весна Стојановска информираше дека четири години наназад Амбасадата на Бугарија помага за сите центри кои досега се отворени, а помошта се состои од социјални пакети за деца кои се во социјален ризик.
-Бугарската амбасада обезбедува годишен третман за 30 деца во Охрид и Скопје, а донацијата во време на пандемијата од Ковид значи за секого, потенцира Стојановска.