Соочени со глобална пандемија предизвикана од Ковид-19 живееме во многу специфично време, исполнето со огромни предизвици. На сите нас секојдневието неочекувано, драстично ни се промени. Во вакви кризни времиња, Компанијата “Булмак 2016“ продолжи со работа, континуирано и без прекини, давајќи придонес кон економската стабилност во општините во кои делува.
Грижата за рударите, нивното здравје и добросостојба секогаш била и останува број еден приоритет на Компанијата и за таа цел, работата во двата рудници – “Злетово“ и “Тораница“ е организирана согласно сите препораки и протоколи од Министерството за Здравство, Институтот за Јавно Здравје и Светската Здравствена Организација, сè со цел заштита на јавното здравје.
По повод 28. Август – Денот на Рударите и Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, заштитничка на рударите, “Булмак 2016“ ја изразува својата благодарност кон сите рудари во Пробиштип, Крива Паланка и пошироко, кои активно придонесуваат за развојот на оваа индустриска гранка која претставува сериозен дел од економијата во нашата држава.
“Да се биде рудар значи да се биде храбар, истраен и секогаш подготвен за соочување со најразлични, некогаш неочекувани моменти. Иако се соочуваме со ситуација која беше нова за сите нас, веруваме во нашите Рудари. Знаеме дека заедно, следејќи ги сите препораки од надлежните Институции, сите ние ќе излеземе од оваа состојба подобри и посилни, со уште поголемо искуство и подготвени за справување со идни, нови предизвици. Свесни за актуелната состојба, апелираме до нашите вработени оваа година Денот на Рударите – 28. Август да го одбележат во кругот на најблиските, со што ќе бидат почитувани мерките за дистанца.“ – изјавија од менаџментот на Компанијата.
Имајќи ги предвид околностите и активните мерки за заштита на јавното здравје, компанијата “Булмак 2016“ оваа година одлучи да не ја организира традиционалната прослава на рударите по повод 28. Август.