Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година ги продолжугва квалификациските обврски за ЕП. Селекторот на тимот 21 година Благоја Милевски го објави поширокиот список фудбалери на кои ќе смета за дуелите против Шпанија и Фарски Острови.
На 3 септември во Скопје на арената „Тодор Проески“(18:45 часот), македонските надежи ќе ги пречекаат врсниците од Шпанија во петтиот натпревар од квалификациската група, а пет дена подоцна (8 септември) ќе гостуваат кај селекцијата на Фарските Острови.
За овие два натпреаври селектрото Милевски повика 24 играчи кои ќе конкурираат за составот на тимот. Шестмина од нив се дебитанти, а од тимот кој настапуваше на последните квалификациски натпревари отпаднаа Јани Атанасов и Емил Абаз кои сеуште се без клубови, како и Хајдари поради повреда.
На списокот од Милевски се најдоа: ГОЛМАНИ: Ристе ЈАНКОВ (Работнички), Давид ДЕНКОВСКИ (Брегалница), Марко АЛЧЕВСКИ (Академија Пандев); ОДБРАНА: Агрон РУФАТИ (Истра, Хрватска), Есмин ЛИЧИНА (Македонија Ѓ.П.), Филип АНТОВСКИ (Динамо Загреб, Хрватска), Тодор ТОДОРОВСКИ (Осијек, Хрватска), Ване ЈОВАНОВ (Академија Пандев), Никола СЕРАФИМОВ (Академија Пандев), Блертон ШЕЈИ (Струга Трим Љум), Марио МЛАДЕНОВСКИ (Фремад Амагер, Данска); СРЕДЕН РЕД: Давор ЗДРАВКОВСКИ (АЕЛ, Кипар), Кристијан АЦКОВСКИ (Брегалница), Енис ФАЗЛАГИЌ (Жилина, Словачка), Димитар ТОДОРОВСКИ (Работнички), Томче ГРОЗДАНОВСКИ (Злате Моравце, Словачка), Ердон ДАЦИ (Коњаспор, Турција);НАПАД: Милан РИСТОВСКИ (Риека, Хрватска), Дарко ЧУРЛИНОВ (Штутгарт, Германија), Кристијан ТРАПАНОВСКИ (Академија Пандев), Давид ТОШЕВСКИ (Ростов, Русија), Димитар МИТРОВСКИ (Спортинг Лисабон, Португалија), Марко ЃОРГИЕВСКИ (Раднички Пирот, Србија), Љавдрим ФАЗЛИУ (Пелитер).
-Поради промената во системот за натпреварување и начинот за пласман на Европското првенство, (првопласираните по група и петте најдобро пласирани втори репрезентации обезбедуваат место на ЕП), не ни преостанува ништо друго освен да се обидеме да освоиме колку што е можно повеќе бодови до крајот од квалификацискиот циклус. Шпанија е голем фаворит, не треба да се потенцира посебно нивниот квалитет, но јас се надевам дека ќе бидеме на нивото од првото полувреме од нашиот меѓусебен дуел во Шпанија и квалитетно ќе се спротивставиме, изјави Милевски.