Играчите од НБА лигата ноќеска одржаа состанок во кампот во Орландо, откако беа откажани три натпревари од плејофот, поради бојкот. Се протестира против полициската бруталност и расната неправда.
Лејкерс и Клиперс се изјаснија за бојкот на остатокот од сезоната. Повеќето од другите тимови гласаа да продолжат да играат. Лидерот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс го напушти состанокот.
Претходно тој истакна дека сака да ги види сопствениците на клубовите повеќе вклучени во ситуацијата.
Како што забележува инсајдерот Дејвид Олдриџ, средбата на кошаркарите заврши „на непријатен начин”. На крајот на состанокот, не постои сигурност за тоа што ќе се случи следно.
Во текот на денешниот ден се очекува состанок на Управниот одбор на НБА лигата.
Милвоки, Оклахома, Хјустон, Лејкерс и Портланд решија да го бојкотираат првото коло од плеј-офот во средата по полициското пукање во Афроамериканецот Џејкоб Блејк во Кеноша, Висконсин.