Продолжуваат превирањата и незадоволството кај членството на опзоициската ВМРО ДПМНЕ. Се бара оставка од актуелниот лидер Христија Мицкоски и свикување на Вонреден конгрес.
Оваа отпочната акција на членови од партијата не им се бендисува на актуелните функционери па на секој начин сакаат да ја загушат.
За насилничките методи на социјалните мрежи се појавија реакции дека пред домот кај поранешната пратеничка од оваа партија Весна Дамчевска Илиевска која пред три дена зборувала на оваа тема пред „Белата плата“ стигнал неканет гостин да и врши притисок и да и се заканува. Насилникот бил испратен од актуелниот член на Собранието, нејзиниот колега од ОК Бутел, Дарко Костовски. Ваквиот потег не го премолче ниту Дамчевска-Илиевска која на фејсбук напиша:
-Агресивноста и заканите повеќе говорат за насилникот, отколку за жртвата.
-Агресивноста и заканите повеќе говорат за насилникот, отколку за жртвата.
Знак на слабост и немање на вистински аргументи е испраќањето на разни ликови кои се закануваат и нарушуваат нечиј мир , не водејќи сметка за туѓите семејства.
На Македонија и треба здрава опозиција која демократски комуницира и ги решава отворените прашања.
Насилството мора да остане во минатото бидејќи ВМРО-ДПМНЕ може да оди напред само со отворена дебата и соочување на фактите.
Да се бара одговорност од раководството и одржување на вонреден конгрес е демократски чин. Да се испраќаат разни ликови пред нечиј дом, да се пишуваат вулгарни зборови со говор на омраза, обвинувања без основа, лични навреди, на социјалните мрежи е кукавички и нечовечeн чин.
Апелирам да престане безумието. Не е разумно тоа што го прават овие ликови , а уште понеразумно е тоа што некој помислил дека на тој начин може да се постигне нешто.
Само се жртвуват луѓето за нечија суета.
Да, пријавив закани и тормозење во полиција и ќе продолжам да пријавувам. Насилство нема да толерирам!
Очекувам полицијата да постапи. Мене нема да ме заплашите, ниту ќе отстапам од својот став само дека на ВМРО-ДПМНЕ му е потребен вонреден Конгрес и промени.