Шеснаесетгодишник со „мазда“ прагази моторција во Кисела Вода

Вчера во 02,00 часот било пријавено дека во Скопје на крстосницата од улиците Јустинијан први и Солунска глава се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил “мазда 6″ со скопски регистарски ознаки управувано од 16 годишник од Скопје и моторцикл „сузуки” со скопски регистарски ознаки управуван од М.С.(41) од с.Студеничани-скопско.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот, констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза”.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Скопје.

Треба да знаете
Последни објави