Љутков: Инсистираме јулската плата во култура веднаш да се исплати

Интегрален текст од прес конференција на Зоран Љутков, претседател на Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ

„СДСМ повторно се истакнува со лаги, манипулации и неспособност! Културата се бори за преживување! Денес, културните работници се сеуште без плата, а нема ниту најава кога или како ќе им се реши прашањето.

Не држат изговорите дека тоа е прашање од технички карактер. Министерството за култура имаше повеќе од 6 месеци да ги заврши административните работи.

Помпезно промовираниот Колективен договор во предизборието, се покажа дека бил само во функција на предизборната кампања. Уште тогаш алармиравме дека неговото потпишување по донесувањето на буџетот за 2020 година, без обезбедени финансиски средства и со негова примена со одложено дејство, денес се поврдува дека тој имаше една единствена цел – добивање изборни поени. Згора на тоа, не обезбедувањето на потребните средства и по два, нагласувам два ребаланси на буџетот годинава, го потврдува фактот дека Колективниот договор беше само манипулативен трик за целна група, а во случајов културните работници.

Инсистираме власта да не губи ни еден ден повеќе и да ги обештети излажаните работници во културата. Со замирање на културата замира државата. Односот кон културата денес, го покажува односот кон сите граѓани утре! Јулската плата веднаш мора да биде исплатена! Владата ги крши своите закони! Тоа е комплетен дилентатизам!

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи сите легитимни  форми на изразување на револт, се до постигнувањето на крајната цел – разрешување на сите тековни, правно-административни и финансиски проблеми кои во време на пандемија, уште толку го отежнуваат личниот и професионалниот живот на илјадници културни работници во државата.

И да! Одговорност мора да има!

 

 

Треба да знаете
Последни објави