Во последните 24 часа, откриени се уште 105 случаи на коронавирус во Црна Гора, додека три лица починаа.
Од средината на јуни, 83 лица починале од коронавирус во Црна Гора, а 92 од почетокот на годината.Има вкупно 840 активни случаи на Ковид-19 во Црна Гора. Од почетокот на годината регистрирани се 4.663 случаи на инфекција со новиот вирус.
Во Црна Гора, сè уште е задолжително носењето маски на отворено и во затворено и држењето на дистанца, но овие мерки генерално не се почитуваат. Исто така е забрането да се соберат повеќе од 100 луѓе на отворено и повеќе од 50 лица во затворено.
Последните денови, и покрај мерките, илјадници луѓе одат на литии во неколку градови заради Законот за слобода на религија.
Црна Гора ја отвори границата за граѓаните од регионот кои влегуваат под одредени услови, а засега нема информации дека некој од туристите бил заразен додека престојувал во Црна Гора.