Изградбата на автопатот Скопје – Блаце се одложува поради експропријацијата на имотот. Овој багер отиде да го израмни овој дел од планината, но жителите го спречија. Жителите дозволуваат работите да се одвиваат без да се договорат со државата за цената на земјиштето. Зељќиф Барди, претставник на жителите на населбата, вели дека државата им плаќа само 4 евра по метар квадратен, а жителите бараат по 100 евра.
„Не, не сме согласни со цената што ни ја нудат тие. Цената беше 4 евра, 4 и пол евра. Нашето барање, јас изјавив и претходно во медиумите, е 100 евра по метар квадратен“, рече Барди.
Барди кој исто така има земјиште на тоа место каде што треба да се гради автопатот Скопје – Блаце вели дека доколку државата не може да им ја плати земјата, може да се направи размена на земјиште.
„Јас изјавив и повторно ќе изјавам, доколку немаат средства, може земјиште за земјиште. Државата има земја колку сакаш, ми зема 3500 метри може да ми даде 3500, јас лично прифаќам, не и другите“, изјави Барди.
Контактиравме и со адвокатот Мефаиљ Арслани кој е адвокат на жителите за ова прашање, но тој беше на одмор и ни рече дека во понеделник ќе биде на работа. Зељќиф Барди вели дека жителите не се повлекуваат од цената и доколку треба ќе одат и до судот во Стразбур.
За автопатот, во емисијата Клик плус зборуваше и претседателот на ДУИ, Али Ахмети кој рече дека веќе не може да се чека за автопатот и дека за две години овој проект ќе заврши.