По повод празникот Успение на Пресвета Богородица, кога се очекува зголемен број верници да ги посетат верските храмови, Министерството за здравство апелира да се почитуваат превентивните мерки и препораки за носење заштитна опрема (маска или марама), одржување дистанца од најмалку еден ипол до два метра, често миење и дезинфекција на рацете, како и избегнување на поголеми групирања.
Службата за итна медицинска помош по повод празникот има ангажирано девет медицински екипи за подрачјето на град Скопје, а во кругот на црквата „Рождество на Пресвета Богородица” ќе има и дежурно амбулантно возило со комплетна медицинска екипа, во периодот од 7 до 16 часот.
Во услови кога Итната медицинска помош регистрира од 80 до 100 интервенции дневно, а зголемување е забележано кај бројот на транспорти, кои изнесуваат и до 30 во тек на денот, и од оваа служба апелираат на строго придржување до превентивните мерки како единствен начин да се стави крај на патот на ширење на вирусот.