Американски стратешки бомбардери Б-52 денеска прелетаа на територијата на сите 30 земји членки на НАТО со цел да демонстрираат солидарност во рамки на западната воена алијанса.
Како што пренесуваат странските агенции, четири авиони летаа над териториите на европските членки на НАТО, а два прелетаа над територијата на Канада и САД.
– Посветеноста на Америка кон безбедноста на земјите од нашата алијанса и безбедноста во светот е силна како челик, рече американскиот генерал Тод Вотерс, началник на Генералштабот на американско-европската команда.