Бутел од Скопје доживеаа висок пораз на гостувањето во Унгарија кај Ѓенѓеш од 34-21, во рамките на првото квалификациско коло за Европската лига.
Ѓенѓеш веднаш воспоставија контрола врз резултатот, но и играта. Бутел се обидуваше да парира, ама цврстата одбрана ги задржа налетите на скопскиот тим.
Во првиот дел Мирко Херцег го предводеше својот тим со четири погодоци, додека три даде Варсандан, додека кај Бутел во скромната реализација удел зедоа по два пати Мајиќ, Георгиевски и Василевски, а еднаш погоди и Печенковски.
Ниту по паузата, избраниците на Грчевски не успеаја да фатат резултатски приклучок. Домаќинот продолжи со добрата одбрана, ама и бековите на Бутел загубија неколку топки, па разликата за нијанса порасна. Ѓенѓеш казнуваше и на крајот стигна до високи +14.
Реваншот ќе се одигра веќе утре во истата оваа арена, кога Бутел ќе има практично невозможна задача да се врати од огромна негатива.