Наместо оставка и одговорност власта Филипче го наградува со продолжување на министерската палка во здравството во време кога секој ден се бројат заразени и мртви. Филипче ако има грам морал треба сам да се повлече, регираат преку соопштение од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.
-Денешната бројка од 159 заразени е нов неуспех и крах на Филипче и владата на Заев. Неодговорноста на власта ја чини Македонија и граѓаните здравје, а некој и живот. Доаѓа есен, а предвидувањата се дека бројките ќе растат. СДСМ не успеа да се справи со првиот бран, кој во Македонија е продолжен со по неколку пикови, нема да може да се справи ниту со вториот. Неспособноста на СДСМ досега не чини 2.8 милијарди евра откако се на власт, а само во кризата 1 милијарда. Долгот ќе расте, затоа што не знаат како. Покрај долгот расте и невработеноста- е наведено во соопштението.