Во Индија, во последните 24 часа се регистрирани 77.266 нови случаи на коронавирус, така што вкупниот број сега се искачи на повеќе од 3,38 милиони.
Речиси 47% од случаите во Индија биле откриени само овој месец.
Министерството за здравство објави дека 1.057 лица починале од болеста Ковид-19 претходниот ден, што е вкупно 61.529 од почетокот на епидемијата.
Речиси три недели по ред, над 60.000 новозаразени се регистрирани на дневна основа во Индија.
Секојдневно се тестираат до 900.000 луѓе, а направени се вкупно 39 милиони тестови.