Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе ќе биде единствениот странец на Имола во „ТЦР Италија“ и најави одлична трка со тоа што беше најбрз во вториот дел од слободните квалификации.
Иџе извозе најбрз круг и беше најдобар во вториот сет, додека во првите заврши како трет.
На првиот тренинг извозе круг со 1:53.177 и заврши трет со заостанување од 0.288, додека во вториот дел со време од 1:52,668 и предност од 0.765 пред вториот заврши како првопласиран.
„Имав некои проблеми со автомобилот во некои сектори, но генерално е добро. Ќе видиме како ќе биде на официјалните квалификации утре. Сакам уште едно прво место“, изјави Иџе по слободниот тренинг.