Крис Пол и Андре Игудала ги убедија играчите да го продолжат плејофот

Претседателот на Унијата на играчи од НБА, Крис Пол и потпретседателот Андре Игудала ги убедија играчите да продолжат со плејофот, објави „The Athletic”.

За време на средбата, Пол и Игудала им објаснија на играчите со какви финансиски последици може да се соочат доколку решат да не ја продолжат сезоната и дека кошаркарите може да ја изгубат платформата за искажување на својата позиција.

Во средата, екипите ги бојкотираа трите натпревари од првото коло во плеј-офот, поради  инцидентот на полицаец во Висконсин кој застрела едно лице со црна боја на кожата.

Датумот за продолжување на натпреварите во НБА ќе биде објавен наскоро.

Треба да знаете
Последни објави