Голманот на Лацио, Пепе Реина ги сподели своите впечатоци за преселбата во римскиот клуб.
– Го одбрав Лацио затоа што тие се важна компонента на нашиот фудбал. Ова е проект кој продолжува да расте со цел да освои нешто важно. Тимот работи заедно долго време, има автоматизам што треба да се искористи. Ние мора да бидеме подготвени на сè. Сакаме да направиме добро на секое натпреварување во кое учествуваме, вели Реина за „Style Challenge”.
Триесет и седумгодишниот Шпанец се пресели во Лацио од Милан како слободен агент. Минатата сезона Реина ја помина на позајмица во Астон Вила, прими 20 гола на 12 натпревари во Премиер лигата.