Италијанската десничарска партија Лига на официјалната страница на Фејсбук ги повика симпатизерите да изберат кој министер или министерка биле најлоши.
Заедно со прашањето, тие предложија имиња на четворица министри: сегашната министерка за образование, Луција Азолина, министерката за внатрешни работи, Лучна Ламоргезе, министерката за земјоделство, Тереза Беланова и поранешната министерка за труд, Елза Форнеро.
Поканата на страницата на Фејсбук е надополнета со фотографии од министрите, внимателно избрани за да ги покажат како грди и стари, пишуваат медиумите.
За само неколку часа, објавата е споделена повеќе од 300 пати, а неа коментирале повеќе од 4.000 корисници на социјалните мрежи. Министрите, кои се ставени на столб на срамот, се окарактеризирани како „еден полош од другиот“, „ѓубре“, „некомпетентни“ …
Но, има и такви кои го надополнуваат изборот на имиња и фотографии. Така, познатиот светски познатиот фотограф Матијас Гури Рабионе додал слика на лидерот на Лигата, Матео Салвини и објаснил дека тој, Салвини, е најлош.
Ова не е првпат членовите и симпатизерите на партијата Лига да ставаат жена која извршува политичка функција на столбот на срамот. Пред неколку години, мета беше тогашната претседателка на долниот дом на италијанскиот парламент, Лора Болдрини, а потоа и поранешната министерка, Сесил Кјенге, која беше исмејувана поради нејзиното африканско потекло.
Двете министерки ги тужеа оние што ги навредуваа и го добија спорот на суд.