Македонскиот претставник Вардар благодарение на повеќето голови постигнати на првата средба со Нексе во Нашице (победи со 31:30) избори настап на завршниот турнир во регионалната СЕХА-лига кој ќе се одржи во Задар. Вардар загуби на раваншот како домаќин од Нексе со 26:25 и среќно го елиминира хрватскиот претставик.
Вардар во Задар ќе ја брани титулата во регионалното натпреварување во конкуренција на ППД Загреб, Брест Мешков и Весппрем. Според прикажаното на првиот официјалне меч во продолжението од сезоната која беше прекината поради пандемијата со коронавирусот „црвено-црните“ се далеку од посакуваната форма. Вардар кој по девети пат ќе играат за пехарот во регионалната СЕХА-лига е најтрофејниот тим со пет освоени титули, но за да биде конкурентен за нов трофеј во оваа конкуренција ќе треба да ја подобари играта во целина.
Валчак е спасителот на „црвено-црните“ во одлучувачките моменти против Нексе. Бројни падови и подеми имаше Вардар, а Хрватите покажаа дека новиот состав има низа слабости. Во составот го немаше капитенот Стојанче Стоилов, кој е позитивен на коронавирус, но тоа не е оправдување за бледото издание.