Пирова победа на Бутел против унгарскиот Ѓенѓеш

Македонскиот ракометен суперлигаш Бутел забележа пирова победа во вториот дуел од првото коло во елиминациската фаза за пласман во новото натпреварување Лига Европа против унгарскиот Ѓенѓеш (25:24). Унгарскиот тим двата натпревари ги играше како домаќин и балагодарение на убедливито триумф со 13 голови разлика (34-21) од првиот натпревар обезбеди пласман во следната рунда.

Бутел е елиминирани од Лига Европа и сега може целосно да се посвети на домашните обврски. За разлика од вчерашниот меч, впечатокот вечерва е многу подобар кога се работи за македонскиот клуб кој со триумфот на тимот од Скопје ќе обезбеди рејтинг поени во следното рангирање на македонскиот ракомет.

Ѓенѓеш водеше со 1-4, но бутелци сега покажаа желба за добар резултат и израмнија на 5-5. Условно гостите на овој дуел искористија неколку технички грешки на Бутел и повторно ја вратија предноста од три гола, 6-9.

Избраниците на Кристијан Грчевски, играа поангажирано од вчера и не дозволија ривалот уште рано да се одлепи на повисока разлика. Сулима, Митев и Мајиќ израмнија на 9-9, а потоа голманот Блажески даде гол за 11-11. Сепак престрого исклучување за Омерагиќ и Ѓенѓеш замина на пауза со водство, 12-14.

На стартот на вториот дел Херцег зголеми на 12-15, но Сулима веднаш врати. Беше 13-17, но Бутел полека ја топеше предноста на ривалот и во 51. минута Мајиќ донесе минимално водство, 21-20, што беше прво за

Ѓоргиевски стрелаше за плус два, 23-21, а во овие моменти од мечот голманот Блажески исто така имаше неколку одбрани во серија. Мојсоски постигна убав гол за 24-21, а Мајиќ погоди за 25-21. До крајот беше јасно дека нема да има простор за сензација, но сепак Бутел оствари убава победа со 25-24

Најдобри стрелци кај Бутел беа Мајиќ со осум голови, Василевски и Сулима со по четири погодоци, додека кај Ѓенѓеш се истакна Граф со четири.

Треба да знаете
Последни објави