(Видео) Околу 300 луѓе го „запалиле“ Малме па морала да интервенира и полицијата

Насилствата избија во шведскиот град Малме откако припадници на десничарски „Радикален курс“ вчера попладне ја запалија муслиманската света книга во кварт кој е претежно населен со мигранти, а снимката од палењето на Куранот ја објавија на социјалните мрежи. Протестите ескалираа со насилство па полицијата мораше да интервенира.

Најпрво се собраа 300 демонстранти против ваквите антиисламски активности, но подоцна бројот на присутни се зголеми. Фрлаа камења на полицијата и палеа гуми и демонстрациите ескалираа на истото место каде беше запалена книгата. Повредени се неколку полицајци, а уапсени се 15 луѓе.

https://youtu.be/VvvQUBoNp6M

Безбедносните сили мораа да одговорат на демонстрантите за да ја стават ситуацијата под контрола.

На основачот на Радикален курс, Расмус Палудан влезот во Шведска му е забранет веќе две години. Тој сакал да дојде на митинг за Коранот, но влезот не му бил дозволен па настанаа овие судири.

https://twitter.com/i/status/1299452451955896327

Треба да знаете
Последни објави