Интензивно се работи на уредување на речното корито на река Сушица во општина Радовиш

Во рамки на проектот „Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците од катастрофи во општините Сандански и Радовиш интензивно продолжува да се работи на изградба на речното корито на река Сушица на подрачјето на општина Радовиш, информираат од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

-Изведено е чистење на вегетација, жбунови и дрвја со пренос на материјалот до депонија, со што е почнато оформување на десната страна на коритото по течението на реката во должина од 300 метри, со машински широк откоп.Градежните работи на теренот се одвиваат според планот, а во моментот се работи на машински ископ на темел, подготовка и изведба на кејски ѕид од ѕидан камен по спецификации дадени во проектот, велат од Центарот.

Градежните активности по проектот е предвидено да траат до месец април 2021 година.

Проектот е кофинансиран од ЕУ преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија.

Треба да знаете
Последни објави