Еден од најдобрите фудбалери на денешницата Лионел Меси сака да ја напушти Барселона. Аргентинецит нема нема да ги бира средствата да ја исполни својата цел. Во екот на трансфер шпекулациите поврзани со неговото име од Каталонија пристигнува најразлилни вести. Меси му порачал на стручниот штаб на Барселона дека нема да се појави в недела наутро на стартот од подготовките за новата сезона и задолжителното ПЦР тестирање за коронавирусот.
Ако Меси не се појави на задолжителното ПЦР тестирање нема да може да тренира со екипата, а сезоната започнува на 12 септември. Меси оваа одлука ја донел во консултација со своите адвокати. Меси уште еднаш му порачал раководството на Барселона дека е подготвен да се сретнат и да поразговараат за раскин на соработката, со цел пријателски да се раздели со клубот во кој мина 20 години и да биде испратен како што доликува. Но, управата одбила такво нешто, поради што Меси се одлучи на ваков чекор и со тоа можно е да започне војна која никој не ја посакува.
Барселона тврди дека рокот на Меси за бесплатно заминување од „Камп Ноу“ е изминат, а сите заинтересирани купувачи можат да го добијат најдобриот фудбалер само ако платат 700.000.000 евра колку што му изнесува откупната клаузула.