Пратеничката од ВМРО ДПМНЕ Рашела Мизрахи од собраниската говорница читаше стари изјави од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, потенцирајќи дека Заев се колнел во своите деца дека нема до побара промена на Уставот, за промена на уставното име.
-Сега ќе се откажеме од Гоце Делчев? – праша Мизрахи.
Таа потенцираше дека животниот стандард на граѓаните не се зголемува, туку само дивоградбите. Праша и каде се инвестициите и дека власта дополнително се задолжила.
Мизрахи ги критикуваше и изјавите на Заев за економија во кои како што вели тој лажеше дека ќе има 500 евра плата, раст на платите и градежна офанзива, а од тоа видовме само раст на дивоградбите и осиромашени граѓани.
-Остануваме посветени велите, за пораст на животниот стандард, но доверба нема затоа што животниот стандард на граѓаните не се зголемува преку покачување на акцизата на нафтените деривати или цената на електрична енергија, напротив, во следниве од два до три месеци велите во октомври 2019та година дека ќе започнат подготвителни активности за најмалку пет или шест производствени погони, но каде се господине Заев? – вели Мизрахи.