Опозицијата се буни зашто седницата за избор на Владата се одржува за време на викенд

Вие не сте командант на Собранието, туку негов претседател, рече Гордана Силјаноска, која го „искара“ Џафери и поради тоа што седницата почна со задоцнување од еден час, а претходно беше закажана во мошне кус рок

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, кој му беше директен противкандидат на лидерот на СДСМ Зоран Заев, како носители на листите на своите партии во четвртата изборна единица, е првиот пратеник што се обрати во рамки на дискусијата на денешната собраниска седница, веднаш по експозето на мандатарот.

Исто како и неговата сопартијка Гордана Силјановска Давкова, и Николовски, во самиот почеток на дискусијата реагираше затоа што собраниската седница почпна со задоцнување од околу еден час и што парламентот заседава за време на викенд. Како што рече Николовски, несоодветно е седницата да се одржува во сабота и во недела и тоа веднаш по голем верски празник.

Претходно, спикерот Талат Џафери, одговарајќи и на Силјаноска Давкова, посочи дека таа како универзитетска професорка по уставно право треба да знае дека, според Уставот, Собранието е во постојано заседание.

Силјаноска, пак, возврати дека тоа значи оти македонскиот парламент не работи во сесија, како што е практика во други парламенти во светот.

„Вие не сте командант на Собранието, туку негов претседател“,

му се обрати Силјаноска на Џафери, критикувајќи го и зашто дозволил седницата да почне со толкаво задоцнување, но и затоа што ја закажал многу брзо откако мандатарот го достави предлогот до пратениците.

Спикерот возврати дека не може во 11 часот да има и координации на пратеничките групи и седница.

Треба да знаете
Последни објави