Хармонизирана програма која ќе ја реализираат квалитетни кадри, е оценката на пратеникот на ДУИ и досегашен министер за образование Арбр Адеми за предлогот на владината програма која денеска мандатарот Зоран Заев ја презентира пред пратениците во Парламентот.
Пред почетокот на седницата за избор на Влада, Адеми изјави дека очекува реалзиација на програмата, а посебно го нагласи делот на образованието за кој рече дека има доста добри, позитивни работи со кои може да се постигне успех.
-Програмата е квалитетна, но се квалитетни и кадрите кои се селектирани и денеска предложени да го сочинуваат владиниот кабинет, истакна Адеми.