Шпанскиот трофеен фудбалски старатег Пеп Гвардиола кој го предводи англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер сити е забележан доцна во петокот вечерта во Барселона, каде што бил дојден да го направи најважниот дел од преговорите за ангажманот на еден од најдобрите играчи во светот Лионел Меси, информираат британските медиуми.
Според шпанските медиуми, Гвардиола дошол во Барселона да разговара за трансферот во англискиот клуб со самиот Меси, но и со управата на клубот во кој своевремено работеше како шеф на стручниот штаб.
Да потсетиме, Меси му се јави на својот поранешен тренер Гвардиола пред шест дена, во неделата и го праша дали има место во Сити за него, неговиот татко не седеше со скрстени раце.
Лионел Меси го цени познатиот стручњак и како стратег и како личност, па во таа прилика се довери во него и призна колку е огорчен од целокупната ситуација во Барселона, а единствениот проблем во него не е поразот од Баерн со 8:2 во Лигата на шампионите.