Македонскиот ракометен суперлигаш Металург славеше убедлива победа над хрватскиот претставник Спачва (35-28) во првиот натпревар од првото коло во Лига Европа. Тимот од Автокоманда на ревнашот во Винковици кој ќе игра идната сабота ќе патува со убедлива предност од седум гола која му дава надеж дека ќе обезбеди пласман во следната рунда.
Гостите од Хрватска кои го играа својот прв меѓународен натпревар, на почетокот од средбата одржуваа резултатска рамнотежа (4-40, а потоа Металург ги презеде работите во своите раце и направи предност од четири гола 8-4. Спачва не се предаде намалуваше на еден гол 8-7 и 11-10, но металурзите во финишот од првото полувреме го скршија отпорто на гостите 17-12 што во вториот дела само ја потврдија доминацијата.
Во 45. минута беше 27-20 со двата гола на Серафимов, а Лазаревски стрелаше за 30-21 на десетина минути до крајот. Гостите намалија на минус пет, но во финишот Металург преку Шилегов, кој реализираше на два пати, обезбеди победа со 35-28 и плус седум пред вториот меч.
Најдобри стрелци во тимот на Металург беа Поповиќ со шест и Серафимов со пет голови, додека кај Спачва се истакна Бунтиќ со шест погодоци.