Македонскиот ракометен суперлигаш Бутел забележа пирова победа во вториот дуел од првото коло во елиминациската фаза за пласман во новото натпреварување Лига Европа против унгарскиот Ѓенѓеш (25:24). Унгарскиот тим двата натпревари ги играше како домаќин и балагодарение на убедливито триумф со 13 голови разлика (34-21) од првиот натпревар обезбеди пласман во следната рунда.
Бутел е елиминирани од Лига Европа и сега може целосно да се посвети на домашните обврски. За разлика од вчерашниот меч, впечатокот вечерва е многу подобар кога се работи за македонскиот клуб кој со триумфот на тимот од Скопје ќе обезбеди рејтинг поени во следното рангирање на македонскиот ракомет.
Ѓенѓеш водеше со 1-4, но бутелци сега покажаа желба за добар резултат и израмнија на 5-5. Условно гостите на овој дуел искористија неколку технички грешки на Бутел и повторно ја вратија предноста од три гола, 6-9.
Избраниците на Кристијан Грчевски, играа поангажирано од вчера и не дозволија ривалот уште рано да се одлепи на повисока разлика. Сулима, Митев и Мајиќ израмнија на 9-9, а потоа голманот Блажески даде гол за 11-11. Сепак престрого исклучување за Омерагиќ и Ѓенѓеш замина на пауза со водство, 12-14.
На стартот на вториот дел Херцег зголеми на 12-15, но Сулима веднаш врати. Беше 13-17, но Бутел полека ја топеше предноста на ривалот и во 51. минута Мајиќ донесе минимално водство, 21-20, што беше прво за
Ѓоргиевски стрелаше за плус два, 23-21, а во овие моменти од мечот голманот Блажески исто така имаше неколку одбрани во серија. Мојсоски постигна убав гол за 24-21, а Мајиќ погоди за 25-21. До крајот беше јасно дека нема да има простор за сензација, но сепак Бутел оствари убава победа со 25-24
Најдобри стрелци кај Бутел беа Мајиќ со осум голови, Василевски и Сулима со по четири погодоци, додека кај Ѓенѓеш се истакна Граф со четири.