Митрополитот Црногорскo-приморски Амфилохије гласаше утрово на парламентарните избори во Црна Гора. Тој гласаше околу 7,30 часот на избирачкото место во библиотеката Његош во Цетиње.
Амфилохије претходно изјави дека првпат ќе гласа на парламентарни избори.
Денеска во Црна Гора се одржуваат парламентарни избори, петти по прогласувањето на независност на земјата, а избирачките места се отворија утрово во седум часот.