Го чекаа, ама Меси не се појави на тестирањето

Суарес и Видал дојдоа да проверат дали имаат коронавирус, иако веројатно и тие ќе си заминат од клубот.

Лионел Меси ја оствари најавата дека нема да се појави на денешното ПЦР тестирање за коронавирус, и не дојде во закажаниот термин во 10.15 часот кога му беше редот да даде брис. Сите други фудбалери на Барселона се тестираа, меѓу нив и Луис Суарес, Иван Ракитиќ и Артуро Видал на кои им кажаа дека може да си одат бидејќи не се во плановите на тренерот Роналд Куман.

Сите кои се здрави и ќе имаат негативни резултати на тестирањето за Ковид-19, од утре ќе почнат да тренираат. Меси не сака ниту да се тестира ниту да тренира, планот му е да ја напушти Барселона.

Се бара начин како Меси да се раздели со Барса и да прејде, најверојатно во Манчестер сити. Меси смета дека може да си оди како слободен играч и не сака судови да одлучуваат, но клубот е тврд во ставот да не го пушта ако не се плати клаузулата од 700 милиони евра. Некои англиски медиуми објавија дека Барселона сепак е подготвена на компромис, и би му го раскинала договорот на Меси ако Сити плати 280 милиони евра, или 135 милиони плус некои играчи.

Треба да знаете
Последни објави