Првично нашиот автомобилист се искачи на третото скалило на победничкиот подиум зад Салваторе Тавано и Дамијано Редуци, но стујардите на патеката му изрекоа казна на победникот.Тоа значи дека Тавано официјално е победник, нашиот Стефановски го освојува второто место.
Редуци во финишот на трката имаше дуел со Тавано, па стујардите проценија дека треба да го санкционираат. Казна доби Марко Пелегрини за невнимателно возење и тоа уште во текот на трката.
Ова е фантастична вест за Иџе, кој конечно успеа да ја почне сезоната во ТЦР Италија шампионатот и се приклучи дури на третата трка. Нашиот автомобилист можеше да собере уште повеќе поени викендов, но вчера за време на првата трка имаше дефект на сопирачките и излета од патеката додека беше на третото место.