Милан го договори младиот Тонали

Сандро Тонали требаше да биде еден од приоритетните трансфери на Интер ова лето, а италијанските медиуми дури јавуваа дека зделката е завршена.

Сепак, „нераѕурите“ се предомислиле во последен момент, па Антонио Конте ќе се обиде да ги доведе Артуро Видал или Танги Ендомбеле на „Џузепе Меаца“. Целата ситуација ја искористи Милан, кој е пред потпис со фудбалерот.

„Росонерите“ понудиле 10 милиони евра за едногодишна позајмица за 20-годишниот фудбалер и дополнителни 25 милиони евра следното за целосен откуп на неговиот договор од Бреша. Паоло Малдини директно ги водел преговорите со менаџерите на фудбалерот и со претседателот на клубот Масимо Челино.

Се очекува Тонали да потпише петгодишен договор вреден 2 милиони евра по сезона.

Треба да знаете
Последни објави