ВМРО-ДПМНЕ изразува сочувство за смртта на г-ѓа Ратка Димитрова која беше пратеник и координатор на првата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во првото плурално повеќепартиско Собрание.
Димитрова со својот ангажман има придонесено во развојот на демократските процеси и е сведок и учесник на трансформацијата на македонскиот повеќепартиски систем.
Како дел од почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во парламентарниот живот е активен сведок и придонесува за осамостојувањето на институциите на државата.
Оттука ВМРО-ДПМНЕ изразува сочувство по повод тажната вест за нејзината смрт.