Дончиќ грубо фаулиран, Маркус Морис веднаш исклучен (ВИДЕО)

Лука Дончиќ повторно вечерва настрада од Маркус Морис, кошаркарот на ЛА Клиперс, кој ако на претходниот меч во плејофот се обиде да му ја повреди ногата, сега двапати го удри по глава во акција за кош на лидерот на Далас Маверикс.

Дончиќ едвај го додржаа соиграчите за да не се степа со Морис после неспортскиот потег на кошаркарот на Клиперси, кој го удри по глава двапати, па Морис експресно беше исклучен од мечот на кој Словенецот на полувреме има 15 поени, пет скока и шест асистенции и близу е до нов трипл-дабл.

Клиперс водат со 57-51 по две четвртини од мечот кој може да биде решавачки за пласман во полуфиналето во западната конференција.

https://youtu.be/D5-iOTHkRWc

Треба да знаете
Последни објави