До 13 часот на изборите во Црна Гора гласале повеќе од половина од гласачите

До 13 часот на парламентарните избори во Црна Гора гласале 54,1 отсто од гласачите.

За споредба, на изборите во 2016 година до 13 часот гласале 39,9 отсто, а во 2012 година излезноста до 13 часот била 33,3 отсто.

Во Црна Гора денеска се одржуваат 11. избори од воведувањето плурализам и петти од прогласувањето независност.

Како што јавуваат црногорските медиуми, од утринава во 7 часот, кога биле отворени гласачките места, пред нив има долги редици.

Избирачките места ќе бидат затворени во 20 часот. Право на глас имаат 540.026 граѓани.

Треба да знаете
Последни објави