Белград слави победа на црногорската опозиција над Мило Ѓукановиќ (ВИДЕО)

На улиците во Белград и Бања Лука се слави победата на црногорската опозиција на изборите во Црна Гора.

Со извици ,,Мило лопове(Мило крадецу)“, групи граѓани излегоа да ја прослават победата на опозицијата предводена од црногорскиот Демократски фронт.

Па сепак, според Центарот за мониторниг и истражување, изборната листа предводена од долгогодишниот владетел на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, има тесна победа над опозицијата.

,,Одлучно за Црна Гора-Мило Ѓукановиќ“ освоила 34,7 проценти од гласовите или 29 пратенички места, а коалицијата ,,За иднината на Црна Гора“, 33,1 проценти или 27 мандати.

Треба да знаете
Последни објави