Петрушевска го нападна колегата Рамчиловиќ: Вие сте и ќе останете предавникот Зекир!

Новата пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ Марија Петрушевска го нарече вечерва пратеникот Зекир Рамчиловиќ „предавникот Зекир“, во контрареплика, а, најверојатно, алудирајќи на неговото гласање за уставните измени што произлегоа од Преспанскиот договор.

Во реплика на дискусијата на Петрушевска, Рамчиловиќ зборуваше за состојбите во Петровец, по што Петрушевска се јави за контрареплика, посочувајќи дека тој ги лажел и измамил сограѓаните во оваа општина.

„За моите сограѓани вие сте и ќе останете предавникот Зекир“ рече Петрушевска.

Рамиловиќ одговори дека е својствено за оваа гарнитура на ВМРО-ДПМНЕ да лепи етикети и да омаловажува.

„Затоа ја изгубивте поддршката меѓу Бошњаците во земјава и нема да победите на избори се додека не го смените начинот на однесување“,  возврати Рамчиловиќ.

Треба да знаете
Последни објави