Во Русија речиси 5 илјади новозаболени од Ковид-19

Бројот на потврдени нови случаи на Ковид-19 во Русија за време на последните 24 часа е зголемен за 4.993, а вкупниот број на инфицирани изнесува 995.319.

Уште 83 луѓе починале од коронавирус, а од почетокот на пандемијата вкупно починале 17.176 луѓе, пренесе ТАСС.

Оздравеле уште 2.405 пациенти, а вкупниот број на пациенти кои го победиле вирусот е 809.387.

Русија по бројот на заразени се наоѓа на четвртото место во светот, по САД, Бразил и Индија.

Треба да знаете
Последни објави