Доаѓа време на ред, правда и дисциплина. Законите се донесени, сега е време за нивно брзо и доследно спроведување. Кој не сака да почитува закон, ќе се соочи со закон, рече Премиерот Зоран Заев.
-Северна Македонија доби нова, мала, ефикасна и одговорна Влада, подготвена да работи и да сработи посветено, исклучиво согласно интересот на граѓаните и државата.
Следува период на трансформација и европеизација на нашата татковина. Ова е период кога сечив придонес е важен, очекуван, потребен и суштински.
Затоа, почитувани граѓани,
во време кога започнува најинтензивната македонска европеизација, приклучете се.
Приклучете се кон борбата против корупцијата. Приклучете се на отпорот против КОВИД-19. Прифатате го повикот за широка мобилизација на сите капацитети со кои ќе ги исчистиме воздухот, водите и почвите.
Бидете будни, гласни, конструктивни, аргументирани. Следете ја нашата работа и бидете коректив, но и партнер. Ние, како и досега, ќе го слушаме вашиот глас, ќе ги следиме вашите потреби.
Ова е моментот сите заедно да работиме на промените кои носат напредок и развој, кои носат светла иднина за нас и за нашите деца.
Сега, кога сите големи отворени прашања на надворешен план се зад нас, ред е со сите капацитети да се посветиме на работа дома. Да обезбедиме уште подобри услови за уште подобар живот, за уште поголеми плати, за повеќе правда и повеќе грижа за сите наши граѓани, вели Заев