Кина бара повлекување на индиските трупи од заедничката граница

Кина побара од Индија да ги повлече трупите за кои вели дека нелегално ја преминале нивната заедничка граница, изјави денеска кинески воен портпарол.

Според портпаролот на кинеската армија, Кина презема контрамерки и ќе го заштити својот територијален суверенитет, јавуваат британските медиуми.

Индија претходно ја обвини Кина дека за време на викендот прераспределила воени единици долж граничната линија во Ладак, планинска област на Хималаите за која спорат двете земји.

„Ноќта на 29-30 август единиците на Народноослободителната армија на Кина го прекршија претходно постигнатиот договор, до кој се дојде со воени и дипломатски преговори. Беа извршени провокативни распоредувања на кинески трупи, кои ја нарушија состојбата на статус кво”, се наведува во соопштението на Командата на индиската армија.

Во соопштението се додава дека индиската армија го спречила обидот на Кина „еднострано да ја промени ситуацијата на теренот”.

Треба да знаете
Последни објави