Кушнер: Мирот меѓу Израел и ОАЕ одговара на стремежите на нивните народи 

Мирот и нормализираните односи меѓу лидерите на Израел и Обединети Арапски Емирате одговара на стремежите на народите на тие земји, истакна денеска Џаред Кушнер, висок советник на претседателот Доналд Трамп. 

Кушнер патуваше на првиот историски лет на релацијата Тел Авив – Абу Даби и изјавата ја даде пред американски и израелски офоцијални лица кои заедно со него слетаа со авионот на аеродромот во Абу Даби, јавија некои американски медиуми. 

Тој изрази благодарност до раководството на Саудиска Арабија за давање дозвола за прелет над територијата на саудиското кралство, со што се реализира првиот официјален лет на израелската авиокомпанија од Тел Авив во ОАЕ. 

Кушнер, исто така, изјави дека САД можат да ја поддржат воената превласт на Израел во регионот и истовемено да помагаат во развој на неговите односи со ОАЕ. Според него, Палестинците треба да се приклучат на преговорите. 

Медиумите во САД коментираат дека овој надворешно-политички успех на Вашингтон ќе биде од полза на американскиот претседател Доналд Трамп за негов реизбор, во пресрет на изборите на 3 ноември. 

Треба да знаете
Последни објави