На „Етихад” веќе се подготвуваат за доаѓањето на Меси

Додека Лионел Меси е во војна со раководството на  Барселона за да си замине од клубот, англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер сити, се подготвува за неговото доаѓање.

Според бразилскиот новинар Марсело Беклер, клубот од Премиер лигата се обратил до продуцентска куќа со налог да започне да собира архивски фотографии на фудбалерот за подготовка на презентација.

До денес, постојат многу неизвесности за тоа кој е во право во спорот. Напаѓачот се обидува да замине како слободен агент заради клаузулата, која истече на 10 јуни.

Во исто време, Каталонците бараат 700 милиони евра. Ла Лига застана на страната на „Блаугранас”, тврдејќи дека Меси има важечки договор со клубот.

Треба да знаете
Последни објави