Од Грција за Финска заминаа 22 деца бегалци без придружба

Од атинскиот аеродром, утрово, за Финска заминаа 22 деца бегалци без придружба сместени на грчките острови.

Во рамките на европската програма за релокација на 1.600 деца бегалци од Грција во Европа, финската Влада се обврза да преземе 100 деца, а како што соопштуваат од Министерството за миграција и азил на Грција, во следниот период, за Финска ќе замине и последната група од 28 деца бегалци без придружба.

Треба да знаете
Последни објави