Хајди Клум и Сил постигнаа договор, таа ќе може да ги земе децата додека снима во Германија

Минатата недела таа поднесе барање за итно рочиште во суд во обид да го присили нејзиниот поранешен сопруг Сил да ѝ дозволи да ги однесе нивните деца во Германија во октомври, кога е ангажирана како судија во шоуто „Идниот германски топ модел 2020“.

Но, се чини дека Хајди Клум успеа да постигне договор со британскиот музичар, без потреба судија да одлучува по ова прашање.

Претходно тој изрази загриженост за децата да патуваат во Европа за време на пандемија на Ковид-19, no Сил сега се согласи да ѝ дозволи на Клум да ги земе со себе, објави „Пипл“.

Клум и Сил, кои беа во брак од 2005 до 2014 година, имаат заедничко старателство врз ќерките Лени (16) и Лу (10) и синовите Хенри (14) и Јохан (13).

Треба да знаете
Последни објави